Денес градоначалникот Бобан Стефковски беше на терен во Колонија – таму каде што започна реконструкцијата на главната улица, која претставува клучна сообраќајна артерија за целиот овој дел од општината.
Жителите велат:
„Оваа улица е изградена во далечната 1980 година со самопридонес на народот. По 45 години, општината за прв пат инвестира во нејзина реконструкција.“
Делата се гледаат насекаде низ Гази Баба! Нема повеќе заборавени населени места!
Развојот не е повеќе само збор на хартија –развојот на Гази Баба е реален и се случува!