Атмосферата беше исполнета со музика, уметност, смеа и позитивна енергија.
Граѓаните од сите генерации уживаа во настапите на улични уметници, музичари и перформери кои го претворија плоштадот во вистинска сцена на креативност и забава.
Баскерфест е фестивал кој ја слави уличната уметност и ја носи културата директно пред граѓаните, на улица, на плоштад, меѓу народот.
Со ова покажуваме дека културата не е затворена во институциите – таа е жива, динамична и достапна за сите.
Ваквите настани го збогатуваат културниот живот во нашата општина.
Гази Баба е место каде што културата и уметноста се живеат секој ден – и каде што секој има простор да биде дел од нив!