Колонија денес е активна градeжна зона!
Во тек се градежни активности за целосно асфалтирање на главната улица во населеното место Колонија – улица што за прв пат после 40 години добива нова, квалитетна асфалтна површина.
Оваа улица беше изградена во далечната 1980 година, со самопридонес од граѓаните. Од тогаш – до денес – немало сериозна интервенција. Денес, за првпат, Општина Гази Баба инвестира директно во оваа патна инфраструктура.
Нема повеќе заборавени населени места!
Инвестираме рамномерно, и во урбаните и во руралните делови.
Секоја улица, секоја населба, секој агол од нашата општина заслужува подобри услови за живот.
Создаваме дела, не ветувања.
Градежната офанзива продолжува со несмалено темпо!
Денес сме тука. Утре – во ново населено место.
– Градежните машини се вклучени.
– Планот се реализира.
– Граѓаните гледаат резултати.