
Драги сограѓани,
Ве поканувамe да присуствувате на настанот по повод мандатниот отчет, кој ќе се одржи утре, среда (17 септември 2025), во 19:00 часот на плоштад Автокоманда.
Изминативе години заедно се соочивме со бројни предизвици, но и постигнавме значајни успеси за нашата Гази Баба. Сега е време транспарентно да ги споделам резултатите од сработеното – проектите, инвестициите, решените проблеми, но и плановите кои не очекуваат понатаму.
Вашето мислење, поддршка и критика се клучни за понатамошниот развој на нашата општина. Затоа Ве повикувамe да бидете дел од овој важен настан и заедно да продолжиме да градиме подобра иднина.
За Гази Баба која повеќе не запира!