Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со Потпретседателот на Владата и Министер за транспорт и врски, Александар Николоски, беа во Ченто, каде што е во тек реконструкција на улицата Палмиро Тољати со вкупна должина од 2.48 км.
Вредноста на проектот е 37.743.190 денари, средства обезбедени од вториот јавен повик на Владата на Република Македонија.
Ова е само дел од големиот бран инфраструктурни инвестиции што ги реализираме во Општина Гази Баба со поддршка од Владата.
Паралелно се работи на:
Ул. Париска Комуна – Хиподром
ул. Ордан Поп Јорданов – Маџари
За неколку денови започнуваме и на:
Ул. Жан Жорес – Маџари
Ул. Петре Филиповски Гарката – Триангла
Ул. 519 – Керамидница
Ул. 22 – Сингелиќ
Патот кон гробиштата Камник и уште неколку нови локации во наредниот период.
Покрај улици, градиме и нови детски градинки во Трубарево и Инџиково, а наскоро почнуваме и со третата во Маџари.
Интензивно ја градиме новата училишна зграда за ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто,
Вршиме комплетна реконструкција на Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто и градиме спортска сала во Црешево.
Развојот на Гази Баба не запира!