Вредност на проектот: 8.850.000 денари
Гордо можеме да кажеме дека во Сингелиќ се реализира една од најзначајните инфраструктурни инвестиции во овој дел од општината.
Се врши целосна реконструкција на улица 22, со што конечно ќе се реши еден долгогодишен проблем кој ги мачеше жителите на оваа населба.
Прво ја поставуваме новата водоводна мрежа со сите приклучоци, а потоа следува целосно асфалтирање на коловозот и уредување на тротоарите.
Луѓето кои живеат тука повеќе од 30 години немале приклучок на вода, а при секој дожд – газеле во кал и немале основни услови за нормално живеење.
Градоначалникот Бобан Стефковски вети дека Сингелиќ ќе добие нова улица, нова водоводна мрежа и нови можности за достоинствен живот и лично беше на увид да се увери дека работите се движат со забрзано темпо.
Нашиот пристап е поинаков. Ние не работиме за кампањи, работиме за граѓаните и нивните реални потреби.
Секој ден, со секој нов проект, докажуваме дека кога има волја, има и резултати. Сингелиќ заслужува современа инфраструктура, а тоа што го ветивме – сега го реализираме.
Заедно градиме иднина со чиста вода, асфалтирани улици и достоинствен живот.