Денес се одржа конститутивната седница на Советот на Oпштина Гази Баба на која беа верификувани мандатите на новите советници избрани од граѓаните на локалните избори што се одржаа на 19 октомври.
За претседател на Советот беше избран советникот Виктор Трпевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалникот Бобан Стефковски во своето обраќање пред новиот состав на Советот упати порака на соработка и единство:
„Денес на првата седница на Советот, мојата порака до сите Вас е дека во мене имате пријател и сојузник, подготвен за заедничка работа во насока на реализација на што повеќе проекти за граѓаните.”
Волјата на граѓаните беше јасна – ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат мнозинство во Советот.
Стефковски истакна дека поддршка по партиска линија нема да бара, туку по линија на разум, одговорност и љубов кон нашата општина. Ниту една партија, ниту еден поединец сам не може да направи сè, но заедно можеме многу.
Сега е време за обединување, а не за поделби.
Заеднички да ја направиме Гази Баба пример за општина во која советниците, без разлика на политичката припадност, заеднички носат одлуки во интерес на граѓаните.
Многу успеси на новоизбраниот претседател Виктор Трпевски и на сите советници во работата и соработка која ќе донесе многу нови проекти насекаде низ општината!