
Почитувани сограѓани,
Отчетноста и транспарентноста отсекогаш биле темелот врз кој ја градам мојата работа и одговорност. Нашата цел како локална самоуправа е едноставна, но значајна, да бидеме сервис на Вас, граѓаните на општина Гази Баба и да ги реализираме приоритетите кои ВИЕ ги определувате.
Вие одлучувате, а ние спроведуваме!
Токму затоа, оваа година го започнуваме новиот модел на заедничко планирање на граѓанскиот дијалог „Проектите почнуваат со тебе“, чија цел е сите заедно да го креираме буџетот на општина Гази Баба за 2026 година.
Со оваа иницијатива отвораме простор за поголема вклученост, транспарентност и непосредна комуникација со секој еден од Вас. Преку непосредно слушање на потребите и предлозите на заедницата, ќе знаеме дека секоја инвестиција е вистински насочена кон развојот на нашата општина.
Во наредниот период ќе одржиме:
Граѓански форуми со директна можност за учество;
Средби со невладиниот сектор;
Консултации со Месните и Урбаните заедници;
Координации со сите членови на Советот на општина Гази Баба;
Дополнителни отворени денови за граѓаните, идеите и иницијативите.
Првиот граѓански форум ќе се одржи утре, 26.11.2025 година (среда), со почеток од 16:00 часот, во салата на Советот на општина Гази Баба, во просториите на самата општина.
Ги поканувам сите граѓани да дојдат и активно да се вклучат. Вашите идеи, предлози и видувања се од огромно значење, тие го насочуваат развојот на инфраструктурата, урбанизмот, образованието, културата, зелените површини и сите други сегменти од општинскиот живот.
Заедно можеме да ја направиме Гази Баба подобро место за живеење.
Заедно да го креираме развојот на нашата општина!