Градоначалникот Бобан Стефковски беше во Ченто, каде што во тек е реконструкција на улицата Палмиро Тољати со вкупна должина од 2.48 км.
Покрај комплетната реконструкција, се градат и нови пешачки патеки со павер елементи од двете страни на улицата.
Вредноста на проектот изнесува 37.743.190 денари, средства обезбедени преку вториот јавен повик на Владата на Република Македонија.
Градежните активности се одвиваат според планираната динамика и во согласност со временските услови.
Овој проект е дел од поголемиот бран инфраструктурни инвестиции што ги реализираме во општина Гази Баба со силна поддршка од Владата.
Инвестициите во патната инфраструктура создаваат подобри и побезбедни услови за движење, го олеснуваат сообраќајот и ги поврзуваат граѓаните.
Дополнително тие носат економски развој, привлекуваат нови бизниси и ја зголемуваат вредноста на секоја локална средина, а квалитетната градба значи долгорочна стабилност, помалку дефекти и поефикасно користење на јавните средства.
Ваквите проекти се инвестиција во иднината, создаваат уреден, функционален и перспективен урбан простор.