Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски на денешната Национална конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, ја потпиша Декларацијата за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Со декларацијата се обврзуваме сите чинители во општеството да се обединиме за поголема безбедност во сообраќајот и за заштита на животот на сите учесници.
Имаме обврска да дадеме свој придонес во подигањето на свеста кај населението за важноста од почитување на правилата во сообраќајот.
Почитувајќи ги правилата, секој од нас придонесува за намалување на бројот на сообраќајни жртви, бидејќи тоа не се само статистички бројки – тоа се човечки животи.
На настанот свое обраќање имаа и заменик претседателот на Владата и Министер за транспорт Александар Николоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Горан Ангеловски.
Безбедноста во сообраќајот е наша заедничка одговорност.
Потребно е секојдневно да бидеме внимателни, дисциплинирани и совесни возачи, пешаци и велосипедисти.
Апелираме сите да ги почитуваме сообраќајните правила, бидејќи со тоа директно го штитиме сопствениот живот и животите на другите.
Да изградиме побезбедни улици со одговорно однесување, меѓусебна почит и грижа за секој човек.