Денес се потсетуваме дека вистинската сила на едно општество се мери според неговата способност да обезбеди еднаква шансa за секој човек.
Еднаквост и рамноправност не се идеали, тие мора да бидат секојдневна практика и принцип врз кој ја градиме нашата заедница.
Лицата со попреченост не бараат повеќе бараат исто: поддршка, достапност, разбирање и почит.
Тие се наши сограѓани, соседи, пријатели, луѓе со талент, идеи и визија кои ја збогатуваат Гази Баба со своето постоење.
Oстануваме целосно посветени на унапредување на пристапноста, креирање инклузивни политики и рушење на сите физички и општествени бариери.
Инклузијата не е проект, тоа е начин на живеење што треба да го негуваме.
Гази Баба е општина во која секој чекор е поддржан, секој глас е слушнат и секој живот е вреднуван.