Градоначалникот Бобан Стефковски одржа состанок со секретарите на Урбаните и Месните заедници.
Од овој месец, секретарите ќе функционираат по нов, поефикасен модел со една единствена цел – да бидат поблиску и подостапни за сите граѓани.
Секој секретар ќе биде задолжен за неколку Урбани и Месни заедници и ќе има обврска редовно да врши прием на граѓани, да ги слуша нивните потреби и навремено да ги пријавува локалните проблеми до општинската администрација.
Во следните денови ќе го објавиме и деталниот распоред, за секој граѓанин точно да знае кога секретарот ќе биде присутен во неговото населено место.
Вработените во општинската администрација се тука да им служат на граѓаните – тоа е нивна должност, но и најважна мисија.
Секој граѓанин мора да има можност да пријави проблем, да предложи идеја или да побара решение, а нашата обврска е да слушаме, да реагираме и да работиме.
Ова е уште еден чекор кон поотворена, поефикасна и поодговорна општина – општина која секојдневно ја градиме заедно со граѓаните!