Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски присуствуваше на свеченото осветлување на новогодишната елка на плоштадот Македонија.
Со светлина, радост и празнична магија, Скопје го доби својот новогодишен лик.
Главниот град блеска онака како што доликува – како европска престолнина во срцето на Балканот.
Празничната атмосфера ја исполни вечерта со насмевки, позитивна енергија и заедништво, најавувајќи уште една топла новогодишна приказна за сите скопјани.