По повод новогодишните и Божиќните празници, Општина Гази Баба ги повикува сите жители да се вклучат и заеднички да го разубавиме просторот во кој живееме и работиме.
Може да се пријавите за:
– дворови;
– тераси;
– заеднички простор пред зграда (заедница на станари);
– простор пред стопански субјект;
– градинки;
– основни училишта.
– Следуваат награди за најкреативните и најубаво украсени простори!
Пријавување:
– 076 469 554 – Даниела
– или лично во едношалтерскиот систем во Општина Гази Баба
– Рок за пријавување:
– најдоцна до 23.12.2025 до 16:00 часот
Пријавата да содржи:
– адреса
– телефон за контакт
– Комисија од општината ќе ги посети пријавените
– 25.12.2025
– по 17:00 часот
Да ја направиме Гази Баба најсветлата и најубава оваа зима!