СЛЕДУВА ГОДИНА НА ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ ЗА ГАЗИ БАБА!
Почитувани граѓани,
Со особено задоволство Ве информираме дека на денешната седница, Советот на Општина Гази Баба го донесе буџетот за 2026 година.
Ова е развоен и граѓански буџет. Тој претставува сублимат од реалните потреби на граѓаните. Во него се предвидени голем број на капитални инвестиции, проекти и мерки кои значат решенија на проблемите со кои се соочуваат граѓаните.
Во 2026 година се определени средства за:
– Изградба и санација на паркинг простори, тротоари, плоштади и пешачки патеки;
– Ревитализација и рехабилитација на локални улици;
– Реконструкција на пристапен пат кон гробиштата Камник;
– Реконструкција на ул. Петре Филиповски Гарката во Триангла;
– Реконструкција на ул. 519 во Керамидница;
– Реконструкција на ул. Жан Жорес во Маџари;
– Изградба на последната фаза од фекалната канализација во населено место Јурумлери;
– Изградба на фекална канализација во Идризово;
– Доизградба на фекалната канализација во Гоце Делчев и Чукур Маало во Трубарево;
– Изградба на атмосферска канализација на ул. Гемиџиска и ул. Филип Филиповиќ во Железара;
– Реконструкција на отворениот канал за атмосферски води Антон Велковски во Стајковци;
– Доизградба на училишната зграда на ООУ Крсте Мисирков во Ченто;
– Доизградба на новата детска градинка во Инџиково;
– Доизградба на новата спортска сала во Црешево;
– Доградба на ООУ Крум Тошев во Трубарево;
– Изградба на нова спортска сала во ООУ Григор Прличев во Железара;
– Доизградба на нова детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница;
– Изградба на нова детска градинка во Сингелиќ;
– Изградба на нови детски забавни катчиња;
– Завршување на изградба на Домот на културата 11 Октомври;
– Изградба на спортски терени на тартан подлога;
– Изградба на спортски терени на вештачка трева.
Дополнително определуваме средства за:
– субвенции на младите за полагање на возачки испит во висина од 10.000 денари;
– субвенции за граѓаните за набавка на пелети;
– награда за наставник на годината;
– бесплатни училишни униформи за сите ученици;
– прочистувачи на воздух во училиштата и градинките;
– инвертер клима уред во секоја училница во училиштата;
– ја зголемуваме паричната помош за новороденче од 5000 на 8000 денари;
– покачување на платата на сезонските работници во ЈКП Гази Баба за 2000 денари;
– набавка на камион преса за ЈКП Гази Баба;
– поставување на нова урбана опрема во сите населени места;
– изградба на втора филтер станица во Булачани;
– субвенции за реконструкција и изградба на нови лифтови во станбените единици.
Ова е буџет што носи развој.
Не очекува година исполнета со многу работа и нови проекти кои ќе донесат подобар и поквалитетен живот за граѓаните на Општина Гази Баба.