Повеќе од 2000 дечиња, другарчиња го исполнија плоштадот во Автокоманда!
Заедно го дочекавме Дедо Мраз, со насмевки, песна и нетрпение.
Поделивме бесплатно пакетче за секое присутно детенце, затоа што секое дете заслужува радост.
Вечерва создадовме причина за детска насмевка и спомени што ќе се паметат.
Возбудата од дружбата со омилените ликови од цртаните филмови беше преголема.
Посакуваме новата година на сите дечиња да им донесе многу здравје, неизмерна среќа, семејна љубов и денови исполнети со безгрижно детство.
Благодарност до сите што беа дел од оваа празнична бајка!