Денес, како градоначалник на Општина Гази Баба, го потпишав Меморандумот за соработка со Градот Скопје во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“.
Овој проект е огромна можност за нашата општина и за целиот град – да ја истакнеме културната вредност, креативноста и идентитетот пред Европа и светот.
„Скопје 2028“ значи нови културни настани, поддршка за уметниците, заживување на јавните простори и развој на локалната заедница.
Гази Баба ќе биде активен и горд дел од оваа европска културна приказна, со содржини кои ќе ја доближат културата до секој граѓанин.
Благодарност до Градот Скопје за одличната соработка, визијата и партнерскиот однос.
Продолжуваме посветено, во интерес на граѓаните и иднината на нашата општина.