Денес градоначалникот Бобан Стефковски беше таму каде што најмногу значи човечката близина – заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицоски ги посетија домовите на повеќе семејства на територија на Општина Гази Баба.
Семејства кои се соочуваат со тешко секојдневие, со предизвици што не се гледаат оддалеку, но силно се чувствуваат во секој дом. Луѓе кои и покрај сè, ја чуваат верата, надежта и достоинството.
Донираа пакети со храна, но уште поважно – донесоа порака дека не се заборавени, дека некој мисли на нив и дека државата мора да биде со своите граѓани тогаш кога им е најтешко.
Подадоа рака на помош со искрена намера, затоа што солидарноста не е само збор, туку дело што се чувствува. Тоа е човечка обврска и вредност што мора постојано да ја негуваме.
Хуманоста е темел на секое здраво општество, а грижата за социјално загрозените семејства е доказ дека сме народ кој не ги врти грбот на своите најранливи.
Никогаш не смееме да ги заборавиме оние на кои сме им потребни, затоа што силата на една држава се мери по тоа како се грижи за најслабите.
Ќе продолжиме да бидеме меѓу народот, со народот и за народот – со дела, со срце и со искрена грижа.