Денес се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак.
Во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, тие подмолно и сурово беа убиени во заседа — затоа што стоеја на браникот на државата, редот и безбедноста.
Со длабока почит и достоинство, денес делегација на Општина Гази Баба, министерот за Внатрешни работи Панче Тошковски, полициски службеници и семејствата положија свежо цвеќе пред споменикот на бранителите во кругот на Полициската станица Гази Баба.
Кирил, Ацо и Ерол не беа само полицајци —
тие беа синови на Македонија, луѓе кои ја дадоа најскапата жртва за татковината, за мирот и за иднината на нашиот народ.
Нивните имиња се врежани во историјата на македонската борба за правда, слобода и достоинство.
Нека им е вечна слава!
Хероите живеат додека Македонија памети!