Во наведениот период, контејнерите за кабаст отпад беа поставени на следните локации:
– Железара
– Автокоманда
– Керамидница
________________________________________
Поставување и одржување урбана опрема
• Спремање анкер корпи за канделабри
• Склопување клупи и тековно работење во работилница

• Спремање позиции за мини летниковци
• Санирање и поставување нова урбана опрема (канти за џебен отпад) на потегот: Благоја Стевковски, Ченто за ОУ Даме Крапчев, Трубарево
• Заварување на позиции за мини летниковци
• Поставување канделабри во Железара
• Оградување на јами од канализација во Трубарево
________________________________________
Улично осветлување
• Ул. 18 бр.15 Сингелиќ – поставување/контакт сијалица
• Ул. 8 бр.37 Дрма – санирање на падната бандера
• Ул. 1 бр.16 Благоја Стевковски – поставување/контакт сијалица
• Ул. 15 Јурумлери – замена на паднат осигурач
• Ул. Финска 4 бр.46а – замена на паднат осигурач
• Ул. Сава Михајлов – Инџиково – замена на паднат осигурач
• Ул. Вера Радосавлевиќ – замена на паднат осигурач
________________________________________
Метење и собирање отпад
• Редовно метење на улици:
Јани Лукревски, Ташко Караџа, плоштад и Лазар Поп Трајков, плоштад Автокоманда, Бапчор, Христо Ботев, Гарбеш, Трифун Хаџи, Панче Арсковски, Клетвеник, Филип Филиповиќ, Коце Металец, центар Стајковци, Виниче, Црешево, Гоце Делчев, Јурумлери, Дунек, Ергеле, Идризово, Маџари, Фуштанска, Финска, Јужноморавски Бригади, М.А. Ченто, пазар Ченто.
• Собирање џебен отпад: Трифун Хаџи Јанев, Гарбеш, Бапчор, плоштад Автокоманда, Лазар Поп Трајков, Клетвеник, Раштак до Булачани, Булачани и Смилковци, ул. Благоја Стевковски, Карл Л.,ул. Перо Наков кон ТВ А1.
• Метење и собирање отпад на специфични локации:
o Ул. Гемиџиска (крак од Коце Металец кон Ремедика и паркингот кај црвените згради)
o Паркингот кај белите згради во Железара
o Централен парк Железара – собирање отпад и метење стази
o Околу автобуски станици, тротоари и контејнери на целата ул. Благоја Стевковски
o Игралишта и паркови: Идризово, Јурумлери, Чукур маало, Мебло