Повеќе од 2000 луѓе на плоштадот во Автокоманда присуствуваа на културната манифестација “Пивтијада 2026” која се одржа по 16ти пат.
Хуманата мисија ја исполнивме, сите подготвени пивтии беа продадени, а собраните средства ќе ги донираме во хуманитарни цели.
Им благодараме на Здружението на пензионери на Гази Баба за партнерскиот однос во организацијата на овој преубав настан.
Благодарност и до естрадните уметници за учеството во културниот дел од манифестацијата.