Реализиран проект за унапредување на условите за настава во ООУ „Наум Охридски“ – Булачани и Црешево. Инвестиција во нов училишен инвентар!
На првиот ден од второто полугодие градоначалникот Бобан Стефковски го посети ООУ „Наум Охридски“ во Булачани, каде што учениците и наставниот кадар започнаа со работа во значително подобрени услови
Во текот на зимскиот распуст, училиштето реализираше важен проект за набавка на нов училишен инвентар. Во рамки на оваа инвестиција обезбедени се нови училишни клупи и столчиња за сите училници во матичното училиште во Булачани, како и за подрачното училиште во Црешево.
Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на условите за работа и учење на учениците. Новиот инвентар овозможува покомфорна, побезбедна и пофункционална наставна средина, што директно влијае врз концентрацијата, мотивацијата и целокупниот успех на учениците.
Со вакви проекти испраќаме јасна порака дека грижата за најмладите е наш приоритет. Создавањето квалитетна и современа образовна средина е темел за правилен развој и успешна иднина.
Продолжуваме континуирано да инвестираме во образованието, затоа што силно верувам дека токму овие вложувања се вложувања во иднината. Нашите ученици заслужуваат услови што ќе им овозможат да растат, учат и напредуваат во безбедна и мотивирачка средина.