Избрани најубаво украсените дворови по јавен повик за избор на најубаво новогодишно украсувањe.
Благодарност до сите жители на Општина Гази Баба кои дадоа свој придонес со украсување на дворовите и балконите, со цел заедно да ја создадеме новогодишната магија насекаде низ општината.
По објавениот јавен повик и извршената посета на домаќинствата, Комисија од Општина Гази Баба направи избор на најубаво украсените дворови и институции.
Наградени семејства:
– 1 место – Семејство Јовановиќ
– 2 место – Семејство Анчевски
– 3 место – Семејство Стефковски
– 4 место – Семејство Нешиќ
Наградени институции:
– ООУ „Григор Прличев“
– ЈУДГ „25 Мај“, клон „Морковче“
Наградите ги доделуваме со цел да ги мотивираме и останатите граѓани следната година уште помасовно да се вклучат и да учествуваат во создавањето на празничната атмосфера