Денес се одржа втората седница на Управниот одбор на ЗЕЛС на која беа разгледани и усвоени неколку значајни точки од суштинско значење за понатамошното јакнење на локалната самоуправа.
ЗЕЛС има клучна улога како силен и обединет глас на општините, кој овозможува координација, застапување и унапредување на интересите на локалната власт, секогаш во насока на подобри услуги за граѓаните.
Посебно значајно беше присуството на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој го презентираше надградениот софтвер за управување со човечки ресурси, поставен како единствен информативен центар за целата администрација.
Со ова современо решение се воспоставува функционален модел за собирање и управување со податоци за сите вработени, што претставува важен чекор кон поефикасна, потранспарентна и поодговорна јавна администрација.
Имплементацијата на вакви системски решенија, поддржани и координирани преку ЗЕЛС, носи конкретни придобивки за вработените, јавните претпријатија и општините, а на крај – и за граѓаните.
ЗЕЛС останува столб на локалната демократија, партнер на институциите и двигател на позитивни промени во општините.