Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, направија увид во тековните градежни активности.
Вредност на договорот за изградба на оваа градинка изнесува 47.500.000 денари – средства обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Капацитет: 48 дечиња
36 деца на возраст од 2–6 години
12 дечиња во јасли
Греењето е решено со топлотни пумпи – енергетски ефикасно и современо решение.
Површина на објектот: 490 м²
Објектот располага со:
– Три занимални;
– Кујна;
– Помошни технички простории;
– Простории за администрација;
– Мултифункционален простор за активности.
Создаваме дела за иднина.
Ветеното го исполнуваме.