Во координација со МВР и Градски паркинг спроведовме акција за подигање на возила кои беа непрописно паркирани на јавни површини, тротоари и коловози во околината на Пазарот Ченто.
Со ваквото несовесно паркирање се попречува движењето на возилата, јавниот превоз и пешаците, а воедно се создава и небезбедна сообраќајна средина.
Нема да има толеранција за узурпација на јавниот простор и непрописно паркирање. Јавните површини мора да останат проодни и достапни за сите граѓани.
Ваквите контроли и акции ќе продолжат и во наредниот период и на други локации низ општината со цел воспоставување ред во сообраќајот и поголема безбедност за сите учесници.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, да не паркираат на тротоари и коловози и да покажат поголема сообраќајна култура.
Заедно да создадеме почиста, побезбедна и поуредена општина.