Денес се потпишуваа договори за финансиска поддршка на проекти на невладини организации, со што уште еднаш ја потврдуваме нашата заложба за силно партнерство со граѓанскиот сектор.
Определивме 3 милиони денари како директна инвестиција во идеи, иницијативи и решенија кои доаѓаат од граѓаните и се насочени кон подобрување на квалитетот на живот во нашата општина.
Оваа година поддржуваме вкупно 40 проекти од различни области – образование, животна средина, човекови права, детска заштита, социјална инклузија, култура и други важни сегменти од општеството.
Граѓанските организации се двигатели на позитивни промени – тие ги препознаваат реалните потреби, иницираат решенија и активно придонесуваат за развој на заедницата.
Преку овие проекти ќе се опфатат различни категории на граѓани – деца, млади, ранливи групи и сите оние кои сакаат да бидат активен дел од општеството.
Општина Гази Баба останува отворена, транспарентна и достапна за сите. Продолжуваме да ги поддржуваме иницијативите кои носат вредност и вистински промени.
Веруваме дека само преку заедничка работа и партнерство можеме да изградиме посилна, поинклузивна и поразвиена заедница.
Продолжуваме заедно – за подобра Гази Баба за сите!