Во населбата Железара во тек се градежни активности за изградба на новопроектирана улица 2, со што се унапредува локалната патна инфраструктура.
Проектот се реализира во рамки на вториот јавен повик на Владата, преку кој се обезбедени средства за подобрување на општинската инфраструктура.
Улицата се гради согласно современи стандарди, со квалитетна коловозна конструкција и соодветно сообраќајно решение.
Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри пристапот до околните објекти.
Општината континуирано инвестира во развој и модернизација на патната инфраструктура насекаде низ нејзината територија, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Се реализираат проекти за изградба на нови улици, како и реконструкција и санација на постојните сообраќајници.
Дел од овие инвестиции се овозможени преку владини програми и јавни повици, со што се обезбедуваат дополнителни средства за капитални проекти.
Продолжуваме да ја градиме Гази Баба!