Денес со длабока почит и неизмерна благодарност одбележуваме 25 години од смртта на македонскиот бранител Игор Николовски – човек кој го даде највредното за својата татковина.
Градоначалникот Бобан Стефковски положи свежо цвеќе пред неговиот споменик во Хиподром. Хероите не се забораваат, тие живеат во секој наш чекор и во секоја наша победа.
Македонија се гради врз темелите на храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината. Игор е симбол на таа жртва – симбол на вистински патриотизам.
Патриотизмот не е само збор – тоа е дело, тоа е чест, тоа е одговорност кон оние што ја бранеа оваа земја со сопствениот живот.
Хероите како Игор Николовски се вечен потсетник дека слободата има цена, а ние имаме обврска да ја чуваме, да ја развиваме и да ја оставиме посилна на идните генерации.
Нека е вечна неговата слава!