ЧЕНТО ДОБИ МОДЕРЕН КУЛТУРЕН ДОМ – МЕСТО ЗА НАСТАНИ, УМЕТНОСТ, ОБРАЗОВАНИЕ И ПОВРЗУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЦАТА
После 40 години запоставеност, местото кое беше симбол на застој – денес прерасна во современ Дом на културата „11 Октомври“ во н. Ченто.
Од „црна точка“ создадовме светла точка која ќе биде срцето на културата во Гази Баба!
Со инвестиција од 86.000.000 денари, обезбедени преку Владата на Република Македонија, изградивме модерен, енергетски ефикасен објект по европски стандарди.
Простор на три нивоа – со сцена, галерија, библиотека и современи услови за развој на уметноста и креативноста.
Ова ќе биде местото каде ќе се раѓаат нови идеи, ќе се откриваат таленти и ќе се гради културниот идентитет на нашата општина.
Голема благодарност до Владата на Република Македонија и до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката во реализацијата на овој значаен проект.
Гази Баба повеќе не запира!
Делата зборуваат!
Развојот продолжува!
Општината е дом за сите – а денес добивме уште еден вистински дом за културата!
Ченто доби нешто што го заслужуваше со децении!