Денес започна процесот на одгасување на Вардариште – чекор поблиску до најголемиот МЕГА ПАРК во Скопје!
Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, по спроведената физибилити студија, денес беа на увид на започнување на процесот на одгасување на депонијата Вардариште.
Мапирани се 22 точки – бунари за собирање на отпадните гасови кои со години се наталожуваа на ова место.
Од сите бушотини ќе се земаат примероци кои ќе се анализираат во сертифицирани лаборатории, со цел прецизно утврдување на количеството и составот на гасовите.
Паралелно се одвива и темелно површинско расчистување на депонијата.
Она што со децении беше симбол на запоставеност и ризик по здравјето, денес го претвораме во нов почеток, можност и иднина!
На ова место ќе никне современ МЕГА ПАРК на површина од околу 300.000 м² – простор за живот, рекреација и чист воздух.
По завршувањето на процесот, ќе изградиме и мост кој ќе ги поврзува Гази Баба и Аеродром – помал метеж, побрза и пофункционална поврзаност за сите граѓани.
Голема благодарност до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски за посветеноста, визијата и заедничката работа во реализација на овој историски проект!