Денес градоначалникот Бобан Стефковски направи увид на градежните активности за асфалтирање на улицата Максим Први Скопјанец, поранешна Товарник 1 во Ченто – проект кој долго време беше само надеж, а денес е реалност.
Повеќе од 50 години жителите на оваа улица чекореа по кал, во услови кои не доликуваат на достоинствен живот. Генерации растеа со ист проблем, со исти ветувања, но без решение.
Ова не е само асфалт. Ова е доказ дека зборот има тежина, дека одговорноста не завршува со изборната победа, туку тогаш започнува вистинската работа.
Вредноста во политиката не се мери со бројот на дадени ветувања, туку со храброста и посветеноста тие ветувања да се реализираат. Народот не бара изговори – бара резултати.
Продолжуваме со силно темпо на инвестиции во патната инфраструктура, со конкретни проекти што ќе донесат подобар живот за сите граѓани.
Во следниот период, секој дел од Oпштина Гази Баба ќе почувствува вистинска грижа, развој и промени што се гледаат и се живеат.
Заедно продолжуваме напред – со работа, со резултати и со визија што се остварува!