Во Трубарево се гради иднината!
Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со министерката за образование и наука, Весна Јаневска, извршија увид во градежните активности за доградба на ООУ „Крум Тошев“.
Со нови училници, современа занимална, проширена библиотека, менза и наставнички простории — создаваме простор каде знаењето расте, а младите генерации добиваат вистинска поддршка.
Со инвестиција од над 22 милиони денари, покажуваме дека кога има визија и соработка, резултатите се видливи!
Голема благодарност до Владата и премиерот Христијан Мицкоски за поддршката и за обезбедените средства — заедно реализираме проекти што носат вистински промени!
Партнерството меѓу централната и локалната власт носи конкретни резултати за граѓаните.
Образованието не е трошок — тоа е најсилната инвестиција во иднината!
И не застануваме тука!
– Градиме нова училишна зграда во Ченто;
– Градиме нови спортски сали во Железара и Црешево.
Ова е време на работа, резултати и дела!
Ветеното го исполнуваме
Градиме за иднината
Создаваме можности за секое дете
Продолжуваме со силно темпо — за подобро утре за сите!