Учениците од ООУ „Дане Крапчев“ испишаа историја и го освоија ВТОРОТО МЕСТО ВО СВЕТОТ на престижниот натпревар FIRST LEGO League во роботска игра!
Во конкуренција од 55 држави и над 1000 ученици од целиот свет, нашиот тим со освоени 525 бодови се искачи на светскиот врв и покажа дека Македонија има млади умови кои можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите.
Ова не е само успех.
Ова е доказ дека трудот, знаењето, упорноста и љубовта кон науката создаваат шампиони!
Седум месеци овие млади генијалци живееја за својот сон, поминуваа низ предизвици, учеа, создаваа, веруваа и не се откажаа ниту еден момент. Денес нивниот труд блеска пред целиот свет!
Честитки и огромна благодарност до наставничката по информатика Марина Пејковска, која со огромна посветеност, знаење и љубов седум месеци го водеше тимот кон овој историски успех.
Честитки и до неуморните ментори кои со својата енергија, организација и визија секоја идеја ја претвораа во реалност. Но и за родителите, кои беа најсилната поддршка, мотиватори и ветер во грб на овие деца на патот кон светскиот успех.
Нека овој успех биде мотивација за сите млади луѓе да веруваат во себе, да сонуваат големи соништа и храбро да чекорат кон нивното остварување.