Градоначалникот Бобан Стефковски денес присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник и 51 година постоење на ООУ „Вера Јоциќ“ – училиште кое повеќе од пет децении претставува симбол на знаење, воспитување, посветеност и успешни генерации ученици.
Под мотото „Нашето училиште, приказна што трае“, денешниот настан уште еднаш потврди дека ООУ „Вера Јоциќ“ не е само образовна институција, туку место каде се создаваат вредности, се градат карактери и се оформуваат идните носители на нашето општество.
Искрени честитки до наставниот кадар, вработените, учениците и родителите за нивната посветеност, труд и придонес во развојот и угледот на училиштето.
Oстануваме цврсто посветени на унапредување на условите во образованието, затоа што инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на Општина Гази Баба. Нашата цел е секое дете да има можност да учи, да се развива и да ги остварува своите потенцијали во современа, безбедна и поттикнувачка средина.
Градоначалникот Бобан Стефковски во своето обраќање на учениците им посака многу успеси, знаење и среќни училишни денови, а на наставниците и вработените – уште многу инспирација и успех во благородната мисија што ја извршуваат.
Нека патот на ООУ „ВЕРА ЈОЦИЌ“ продолжи уште многу години исполнет со нови успеси, нови генерации и нови поводи за гордост.