Општина Гази Баба и оваа година ја реализира мерката за доделување на еднократна финансиска поддршка од 3000 денари за секое семејство кое ќе има запишано прваче.
Како локална самоуправа доделуваме директна финансиска помош со што даваме поддршка на семејствата со прваче.
Ги повикувамe сите семејства од територија на општина Гази Баба кои имаат првоодделенче да ја искористат можноста и да поднесат барање за исплата до општината.
Потребни документи:
-Потврда од основно училиште за запишан ученик;
-Извод од матична книга на родени;
-Копија од лична карта на еден од родителите;
–Копија од трансакциска сметка.