Поставена е нова урбана опрема која овозможува подобри услови за одмор, дружење и рекреација на граѓаните.
Извршено е поставување на нови канделабри, со што значително се подобри осветлувањето на овој простор.
Денес паркот е дополнително збогатен и со нови рефлектори, кои овозможуваат поголема безбедност, подобра видливост и пријатен амбиент во вечерните часови.
Продолжуваме посветено да ги уредуваме и модернизираме јавните простори низ целата Општина Гази Баба, затоа што граѓаните заслужуваат современа и уредена средина за живот.
Активностите ги реализираше ЈКП Гази Баба 2007, кое од ден на ден се развива во вистински сервис на граѓаните и силен партнер во реализацијата на локалните проекти.