Денес градоначалнокот Бобан Стефковски ги додели решенијата за субвенции за набавка на велосипеди и уште еднаш покажавме дека кога се работи домаќински, одговорно и посветено, резултатите се враќаат директно кај граѓаните.
Буџетот на Општина Гази Баба е буџет на граѓаните. Затоа наша обврска е секој денар да го трошиме рационално и со јасна цел – да создадеме повеќе можности, повеќе поддршка и подобри услови за живот за сите жители.
Овие субвенции не се само финансиска помош за набавка на велосипед. Тие се инвестиција во поздрав животен стил, почиста животна средина и подобра иднина за нашата општина.
Секој нов велосипед на улиците значи помалку загадување, помал сообраќаен метеж и повеќе грижа за здравјето на нашите граѓани.
Како локална самоуправа остануваме посветени на реализација на мерки и проекти кои носат директна корист за граѓаните. Нашата цел е јасна – средствата да се враќаат назад кај луѓето преку конкретни политики што го подобруваат секојдневието.
– Продолжуваме со домаќинско и транспарентно управување.
– Продолжуваме со поддршка за граѓаните.
– Продолжуваме да инвестираме во проекти што создаваат вистинска вредност.
Им честитаме на сите добитници на субвенциите и посакувам безбедни, пријатни и многу извозени километри со новите велосипеди.