Денес започнуваме со реализација на уште едно ветување кое им го дадов на граѓаните на Ченто – изградба на нови пешачки патеки со павер елементи.
Со оваа инвестиција создаваме уредени, безбедни и современи пешачки површини, достојни за секој жител на Ченто.
За нас зборот има тежина, а делата се најсилната потврда дека работиме чесно, посветено и одговорно.
Активностите нема да застанат тука. Ќе продолжиме и во другите населени места со изградба на нови пешачки патеки, затоа што секој граѓанин заслужува уредена, безбедна и достојна средина за живеење.
Продолжуваме да инвестираме во секоја населба, да ги решаваме долгогодишните проблеми и чекор по чекор да го подобруваме секојдневието на граѓаните.
Ветивме дека нема повеќе кал – денес градиме патеки. Ветивме промени – денес тие се гледаат на терен.