Градоначалнкот Бобан Стефковски го отвори МЕЃУНАРОДНИОТ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „ГАЗИ БАБА 2026“ – настан кој ја претвори нашата општина во центар на културата, пријателството и традицијата.
На плоштадот во Автокоманда, заедно со голем број граѓани, уживавме во прекрасна вечер исполнета со музика, ора, насмевки и позитивна енергија.
Посебна гордост е што токму овде, во срцето на Гази Баба, ја чуваме и промовираме богатата македонска традиција. Нашите песни, нашите ора, нашите носии и обичаи се приказната за тоа кои сме, од каде доаѓаме и што треба да им го оставиме на идните генерации.
Вечерва Гази Баба беше домаќин на различни култури и традиции. На едно место ги обединивме ансамблите од Македонија, Романија, Австралија, Србија, Турција, Полска и Русија, докажувајќи дека фолклорот нема граници и дека културата ги поврзува луѓето.
Голема благодарност до сите граѓани кои со своето присуство ја направија оваа вечер уште поубава. Токму граѓаните се срцето на секој настан, а Гази Баба уште еднаш покажа дека знае да ја почитува традицијата и да ги негува вистинските вредности.
Фолклорот е многу повеќе од песна и игра. Тој е спомен на нашите предци, гордост на сегашните генерации и завет кон младите дека нашата култура ќе продолжи да живее.
Продолжуваме да создаваме настани кои ги зближуваат луѓето, ја збогатуваат нашата општина и носат убави моменти за сите генерации.
Да ја чуваме традицијата.
Да ја негуваме културата.
Да продолжиме заедно да ја градиме Гази Баба како место на убави настани, заедништво и почит.