Повеќе од 1.000 граѓани беа дел од прекрасната манифестација „Петровденски чествувања“, која се одржа во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Јурумлери.
Багодарност до ансамблот „Јонче Христовски“, како и до естрадните уметници Спасен Силјановски, Даниела Темелковска и Бојана Михајловиќ, кои со своите настапи ја направија оваа вечер незаборавна.
Ваквите собири не се само настани – тие се жив доказ дека македонската традиција, култура и духовност продолжуваат да живеат преку народот. Токму преку песната, верата и заедништвото го чуваме нашиот идентитет и им го пренесуваме на идните генерации она што со векови нè прави свои на своето.
Македонија е силна тогаш кога ги почитува своите корени. Нашата традиција не е само спомен од минатото, туку темел врз кој ја градиме иднината – со гордост, достоинство и љубов кон татковината.
Благодарност до сите кои беа дел од оваа прекрасна вечер. Вашето присуство е најголемата потврда дека кога сме заедно, можеме да создадеме моменти кои долго ќе се паметат.
Нека ни се вечни традицијата, верата, македонската песна и заедништвото!