Во изминатиот период се реализираат активности за темелно чистење на јавните површини, редовно собирање на отпадот, како и косење и уредување на тревните површини, со цел создавање почиста, поуредена и побезбедна средина за сите граѓани.
Чистата животна средина е наша заедничка одговорност, а со секојдневна работа, посветеност и грижа придонесуваме секој дел од општината да биде уреден, функционален и пријатен за живеење.
Благодарност до сите граѓани кои ја чуваат јавната чистота и со своето одговорно однесување придонесуваат за поубава Гази Баба. Заедно можеме повеќе!
Продолжуваме со несмалено темпо и во наредниот период, во интерес на сите жители.
ЈКП Гази Баба 2007 – сервис на граѓаните.