Попладнево во населеното место Ергеле градоначалникот Бобан Стефковски ги дочека 35те коњаници од Илинденскиот марш кои секоја година од Горно Лисиче јаваат на коњи до славното Крушево по повод Илинден!
Стефковски им го предаде знамето на кое е испишано “Смрт или слобода за Македонија” и им посака среќен пат до славното Крушево и живи и здрави да стигнат на Илинден!
Илинден за нас Македониците е втор Велигден!
Општина Гази Баба и оваа година финансиски ја поддржува оваа манифестација со која се оддава почит на славните комити и војводи кои загинаа на Мечкин камен.
Македонија е за нас именка која никогаш нема да има заменка!