Во координација со инспекциските служби на Општина Гази Баба, екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ спроведоа теренски контроли во населеното место Јурумлери поради несоодветно и неодговорно користење на вакуумскиот канализациски систем.
При контролите беа утврдени неправилности, по што против сторителите беа преземени законски мерки и изречени соодветни санкции.
Апелирамe до сите граѓани совесно и одговорно да го користат канализацискиот систем. Неговото неправилно користење предизвикува дефекти, дополнителни трошоци и проблеми кои ги трпат сите жители.
Во наредниот период контролите ќе бидат уште поинтензивни. За секое утврдено прекршување ќе следуваат законски мерки и санкции, затоа што заштитата на јавната инфраструктура е заедничка обврска на сите нас.
Само со одговорно однесување можеме да обезбедиме квалитетни комунални услуги и подобри услови за живот во секое населено место во Општина Гази Баба.