Вечерва градоначалникот Бобан Стефковски го отвори 19-тиот традиционален турнир во мал фудбал во населбата Триангла, кој се одржува во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија!
Ова не е само спортски турнир. Ова е традиција која трае, заедништво кое нè обединува и љубов кон Македонија која се пренесува од генерација на генерација.
На спортските терени се градат пријателства, се учи што значат борбеност, почит и фер-плеј, но пред сè се создава чувство на припадност кон своето маало, својата општина и својата татковина.
Како и досега, така и во иднина, ќе продолжиме силно да го поддржуваме овој турнир, спортот и секоја иницијатива што ги обединува младите и ги негува нашата традиција и македонскиот патриотизам.