По повеќечасовна работа на терен, утрово во 03:45 часот успешно заврши вонредното прскање против комарци кое го спроведовме на територијата на општина Гази Баба.
Во текот на ноќта екипите поминаа низ Смилковци, Црешево, Стајковци, Сингелиќ, Ченто, Инџиково, Маџари, Триангла, Хиподром, Ергеле, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Идризово, Дрма, Колонија, Кирил Петрушевски, Керамидница, Автокоманда и Железара.
Вонредната акција ја реализиравме како дел од засилените превентивни мерки за заштита на здравјето на населението, поради зголемениот број на регистрирани случаи на западнонилска треска.
Упатувамe голема благодарност до тимот на Центарот за јавно здравје за професионалноста, посветеноста и одличната координација во реализацијата на оваа акција.
Остануваме во постојана координација и комуникација со Центарот за јавно здравје и надлежните институции, ја следиме состојбата и сме подготвени за понатамошно делување на терен секогаш кога за тоа ќе има потреба.
Кога станува збор за здравјето на граѓаните, нема простор за одложување. Потребно е навремено, одговорно и организирано постапување.
Општина Гази Баба е целосно подготвена да преземе сè што е потребно, во рамки на своите надлежности, со една единствена цел – заштита на животот и здравјето на нашите граѓани.
Нашите служби се подготвени, ја следиме состојбата на терен и превентивните активности ќе продолжат согласно препораките и проценките на надлежните здравствени институции.
Здравјето и безбедноста на граѓаните за нас се и остануваат апсолутен приоритет!
– Реагираме.
– Работиме и кога народот спие.
– Остануваме на терен.
– Ја следиме состојбата.
– Подготвени сме да дејствуваме повторно кога ќе биде потребно.
Додека нашите граѓани одмораат, нашата обврска е да се грижиме за нивната безбедност.
Продолжуваме одговорно, посветено и во постојана координација со надлежните институции – за безбедна Гази Баба и за заштита на здравјето на секој наш граѓанин!