Денес градоначалникот Бобан Стефковски направи увид на градежните работи за изградба на новата детска градинка која се гради во Инџиково.
Во мометов на терен се реализираат активности за партерно уредување на дворот по што ќе следува и поставување на опремата и согласно динамиката очекувам кон крајот на септември да ја пуштиме во употреба и оваа нова детска градинка.
Вредноста на договорот за изградба на оваа градинка изнесува 47.500.000 денари – средства обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Капацитет: 48 дечиња
36 деца на возраст од 2–6 години
12 дечиња во јасли
Греењето е решено со топлотни пумпи – енергетски ефикасно и современо решение.
Површина на објектот: 490 м²
Објектот располага со:
– Три занимални;

Кујна;
– Помошни технички простории;
– Простории за администрација;
– Мултифункционален простор за активности.
Ветеното го исполнуваме. Работиме за граѓаните!