На едно место ги обединивме професорите од Факултетот за туризам и бизнис логистика од Штип, претставници на општините од Скопскиот плански регион и други релевантни чинители.
Целта на работилницата беше заеднички да ги идентификуваме локалните туристички потенцијали, предизвици и приоритети, кои ќе придонесат кон креирање сеопфатна, реална и применлива Национална стратегија.
Скопскиот плански регион располага со значаен туристички потенцијал, а наша заедничка задача е тој потенцијал да го претвориме во конкретни можности за локален економски развој, нови инвестиции, вработувања и поддршка на локалниот бизнис.
Особено значајно беше што имавме можност отворено да разговараме за реалните состојби и предизвици на терен, но и за конкретни решенија и идеи за идниот развој на туризмот.
Националната стратегија треба да произлезе од реалните потреби на општините и регионите. Само преку заедничко делување на институциите, академската заедница, локалните самоуправи и туристичкиот сектор можеме да создадеме политики што ќе дадат конкретни резултати.
Веруваме дека со ваков пристап можеме да создадеме силна основа за одржлив и конкурентен туристички развој во периодот 2027–2032 година.
Благодариме на сите учесници за активното учество, конструктивните предлози и придонесот во овој значаен процес.