Денес ги доделивме решенијата за субвенции за набавка на пелети – мерка која за првпат ја реализираме во Општина Гази Баба!
Ова не е само финансиска поддршка за семејствата. Ова е и конкретна грижа за животната средина и чекор кон почисто и поздраво место за живеење.
Општинскиот буџет е буџет на граѓаните и затоа средствата ги насочуваме таму каде што се најпотребни – директно кон семејствата и кон мерки што носат конкретна корист.
Ова е начинот на кој ја разбираме нашата работа – да бидеме блиску до граѓаните, да ги слушаме нивните потреби и да испорачуваме решенија.
Работиме одговорно, чесно и домаќински.
Продолжуваме со уште повеќе конкретни мерки, затоа што Гази Баба заслужува општина која работи за своите граѓани – секој ден и без изговори!