Вечерва повторно на терен! Започнавме со нова вонредна акција за прскање против комарци, како дел од засилените активности за заштита на здравјето на граѓаните.
Акцијата ја започнавме од Керамидница, по што екипите продолжуваат и на други локации низ Oпштина Гази Баба.
Станува збор за координирана акција на Центарот за јавно здравје, Град Скопје и Општина Гази Баба, со заедничка цел – навремено и ефикасно делување на терен.
Ќе се работи до доцна во ноќта, со цел да се опфати што поголем простор и да се обезбеди максимален ефект од третманот.
Кога станува збор за здравјето и безбедноста на граѓаните, мора да има брза реакција, добра координација и конкретно делување.
Остануваме во постојана комуникација со надлежните институции, ја следиме состојбата и ќе продолжиме да ги преземаме сите потребни превентивни активности.
Нема запирање кога треба да се заштити здравјето на граѓаните!
– На терен сме.
– Дејствуваме координирано.
– Работиме до доцна во ноќта.
– Грижата за граѓаните продолжува!
Здравјето и безбедноста на граѓаните се и остануваат наш највисок приоритет!